Ова висококвалитетно метално хемиско пенкало од реномираниот германски бренд Pelikan е создадено за оние што знаат да ја ценат елеганцијата во секојдневните детали. Доаѓа спакувано во елегантна gift box кутија, што го прави совршено подготвено за подарок.

Пенкалото од Jazz колекцијата впечатливо комбинира модерен дизајн со класична префинетост. Без разлика дали го користите за бележење идеи, пишување важни белешки на работа, водење личен дневник или едноставно како стилски аксесоар – Jazz Noble Elegance секогаш изгледа соодветно.

Благодарение на својот изглед, изработка и пакување, ова пенкало е идеален подарок за секоја прилика – било да се работи за деловни партнери, пријатели, колеги или други блиски личности.

тип: хемиско пенкало

материјал: метал

боја на мастило: сина

достапни бои на продукт: бела/црна