“Патешествијата на Сибрен од улицата Пеперминт” е топла приказна сместена во Холандија на почетокот на ХХ век, што на многу прониклив и срдечен начин ги опишува моментите на зачуденост, радост, храброст и страв кај малиот Сибрен, кој тргнува на ноќно патување кај тетка си заедно со дедо си. На Сибрен не му се веруваа дека оди со деда си накај својата тетка Хинка – и тоа во темница! И нешто чудно или страшно или ново се случува секоја минута. Кога тој и дедо му доаѓаат до мочуриштето, тоа целото бучи од живот – илјадници светулки непрестајно прелетуваат во ноќта и крекаат жаби. Но, дедо му му вели дека мочуриштето е опасно – дека не смеат да скршнат од патот – и одеднаш дедо му паѓа во мочуриштето! За среќа, тетка му Хинка пристига точно навреме за да ги спаси со чамчето! Де Јонг покажува импресивен капацитет не само да се сеќава на детската ментална и емоционална географија туку и да ја проживее повторно таа внатрешна состојба.
НАЈНОВИ ПРОИЗВОДИ
-
Фокусираност
550 ден440 ден -
Романса со господин Бриџертон (Бриџертон #4)
520 ден416 ден -
Мрежа
299 ден239 ден -
Ништо од ова не е вистина
500 ден400 ден -
Оддел Д
520 ден416 ден