„Панонските легенди“ или „Моравско-панонските легенди“ или опширните житија на браќата словенски просветители Константин-Кирил и Методиј, се најважни и најкомплетни извори за браќата просветители, напишани на словенски јазик. Тие содржат драгоцени податоци за животот и работата на творците на првата словенска азбука, во чии основи влезе говорот на Македонските Словени од Солунско од средината на IX век.
За разлика од сите други извори за браќата просветители, „Панонските легенди“ даваат вистинска биографија – на моменти дури и со многу прецизни податоци – често исполнета и со убави книжевни квалитети и носејќи во себе арома на времето во кое се пишувани.
Во врска со авторството на житијата има различни мислења, од кои се издвојуваат две:
1. Дека автор на Кириловото житие е Методиј, а на Методиевото Климент Охридски;
2. Дека автор на двете житија е Климент Охридски.
НАЈНОВИ ПРОИЗВОДИ
-
Искинатиот вел
250 ден200 ден -
Фенг Шуи во вашиот живот
360 ден288 ден -
Не знам кај ми е главата
390 ден312 ден -
Кривата Дијана
330 ден264 ден -
Што (не) е љубов
650 ден520 ден
