„Осаменоста на простите броеви“ уште во првата година од објавувањето е продадена во повеќе од еден милион примероци. Романот во 2008 година ја добива најзначајната литературна награда во Италија, наградата „Стрега“, како и наградата „Кампиело“ за дебитантска книга.
„Осаменоста на простите броеви“ претставува блескава медитација за осаменоста, за љубовта и за тоа што значи да се биде човечен.
„Хипнотизирачки портрет на маж и жена чија повредена внатрешност во текот на годините ги спојува и ги одвојува еден од друг. Исклучителна интерпретација на она што би можело да се нарече емоции на субатомско ниво.“
Њујорк тајм