Познатата авторка на биографии Кити Кејли ни дава недотерана слика од приказните на Опра и од нејзиниот живот, каков што таа го водеше – реалниот и вистински живот, прикажувајќи ја Опра во светло во кое ја немаме видено досега. Кели, со својата психолошка проникливост и истражувачки дух успеа да напише книга што ќе го изненади и вошити секој читател.
„Резултатот од истражувањето на Кели е беспрекорно анализиран и организиран преглед на несекојдневниот живот на жената што го употреби своето скромно потекло како отскочна штица во самостојната изградба на огромна медиумска империја… Опра е, во секој поглед, една храбра и смела книга“. —Лос Анџелес тајмс
„Самата тежина на фактот да се биде познат е аналогна на трудот на Кели: кули од книги и купишта исечоци… стотици интервјуирани личности… Таа ни ги отвора портите од светот на Опра.“—Вашингтон пост.
