Госпоѓицата Шарлот не е како другите учителки: изгледа како страшило со огромната шапка и старомоден фустан, а во слободно време често зборува со камче… На почетокот децата мислат дека е луда, но малку по малку откриваат дека училиштето е многу позабавно со неа. Наместо да решава алгебарски задачи, на часовите по математика ги тера да ја мерат училницата со зготвени шпагети, секое попладне им раскажува магични приказни за горилите и пустини, па дури и игра фудбал со нив – и тоа одлично го прави!

Првата книга од серијата на Доминик Демерс за откачената стара дама е смешна, волшебна и инспиративна приказна која ќе го натера секој од вас да сонува за учителка како госпоѓица Шарлот.