Делото минува низ цела одисеја од обиди и одбивања, редакции и цензури, сè додека Т. С. Елиот не ја препознае неговата несомнена вредност и не го препорача за објавување во годината на нацистичката Олимпијада. Своето место во книжевниот пантеон го има обезбедено пред сè поради неговиот речиси непреводлив и уникатен стил, кој од првата страница го открива присуството на голем и неодминлив автор. Тешкиот, лирски евокативен, јакобински раскошен и декадентно готски јазик на Џуна Барнс искричаво се распрснува низ секоја од страниците на нејзиниот tour de force роман, нурнувајќи го читателот во превртениот свет на европските бурни дваесетти и обликувајќи еден од најнезаборавните ликови во историјата на целокупната светска книжевност: доктор Метју О’Конор.
НАЈНОВИ ПРОИЗВОДИ
-
Искинатиот вел
250 ден
-
Фенг Шуи во вашиот живот
360 ден
-
Не знам кај ми е главата
390 ден
-
Кривата Дијана
330 ден
-
Што (не) е љубов
650 ден
