Која е Џози Фер? И што сторила таа?
На прославата на четириесет и петтиот роденден во едно локално кафуле, популарната водителка на подкасти, Аликс Самер, се среќава со скромна жена по име Џози Фер, која, исто така, го прославува својот четириесет и петти роденден. Тие се, всушност, близначки по роденден.
Неколку дена подоцна, Аликс и Џози повторно се среќаваат случајно, овојпат пред училиштето каде што учат децата на Аликс. Џози, во меѓувреме, ги преслушала подкастите на Аликс и предлага дека и таа би можела да биде интересна тема во нејзиниот серијал. Таа е, како што ѝ вели на Аликс, на работ да направи спектакуларни промени во својот живот.
Животот на Џози делува чуден и комплициран, и иако Аликс се чувствува на некој начин вознемирено и непријатно, не може да му одолее на искушението да продолжи со снимањето на подкастот. Постепено, таа почнува да разбира дека Џози крие многу мрачни тајни, и уште пред да се освести, Џози веќе е длабоко инволвирана во нејзиниот живот, но и во нејзиниот дом.
Џози набргу исчезнува, а Аликс дури тогаш открива дека Џози оставила ужасна и застрашувачка оставштина зад себе. Истовремено, станува јасно дека Аликс сега е главната тема во нејзиниот поткаст за вистински злосторства, притоа изложувајќи го својот живот и животот на своето семејство на смртна закана.