По многу години минати надвор од Елисондо, инспекторката Амаја Саласар се враќа во родниот град за да го најде убиецот што ги избира своите жртви меѓу младите девојки. Тој ги задушува и ги остава голи во шумата следејќи некој вид мрачен ритуал. Додека се обидува да го изгради профилот на убиецот и да ги реши убиствата, Амаја мора да се соочи со сеништата од сопственото минато. Тоа се мрачни епизоди за кои никогаш не зборувала и што ја принудиле да замине без желба да се врати, но измешани и со старите народни верувања од областа Навара. Фасцинантна приказна во која тајните и легендите се испреплетуваат со ужасни злосторства. Што кријат бастанските шуми?
„Невидливиот чувар“ е првата книга од „Бастанската трилогија“, преведена на повеќе од 20 јазици. Филмската верзија е изработена од страна на продуцентите на трилогијата „Милениум“ на Стиг Ларсон.