Депресија. Анксиозност. Хронична болка. Фобии. Опсесивни мисли.
Доказот е убедлив: можно е корените на тие проблеми да се во траумите на нашите родители, баби и дедовци, дури и кај прабабите и прадедовците. Најновите истражувања потврдуваат дека трауматичните искуства се пренесуваат на идните поколенија и дека тоа емоционално наследство, скриено во сѐ ̶ од експресијата на гените до секојдневниот јазик ̶ има многу поважна улога во нашето здравје отколку што досега се знаело. Врз основа на истражувањата на водечките стручњаци во областа на невронауките и посттрауматскиот стрес, Марк Волин осмисли пионерски пристап во идентификувањето и отстранувањето на тие наследени фамилијарни обрасци.
Книгата „Не почна од тебе“ е пристапна, прагматичен и прескриптивен водич за методот што на илјадници луѓе им помогна да завладеат со сопствениот живот. Таа е преполна со приказни што ќе ви го сменат животот, моќни увиди и практични орудија за индивидуално исцелување, таа заслужува место на вашата полица за книги. – Марк Матоусек, автор на делото „Ethical Wisdom“
Многу важна книга… Марк Волин е мудар и доверлив водич на патувањето кон исцелувањето. – Д-р Тара Брак, авторка на делото
„Радикално прифаќање и вистинско засолниште“ Смело, креативно и сочувствено дело. – Шерон Салцберг, авторка на бестселерот на „Њујорк тајмс“ „ВИСТИНСКА СРЕЌА“