Натали е стјуардеса, има убав живот со сопругот и двете возрасни ќерки, во прекрасна куќа на брегот на Сена. Еден ден тргнува на аеродромот за да се качи на авион и попатно забележува нешто сосем неочекувано: нејзиниот распоред необично личи на оној што го имала пред двесет години. Три идентични дестинации – Монтреал, Лос Анџелес, Џакарта, исти датуми, ист екипаж. Дури и групата Кјур е во авионот, како и во дамнешната 1999 година. А, токму на тој лет еден туѓинец целосно го сменил нејзиниот живот. Тој бил млад, страсен музичар што го чека светла иднина, слободен како птица на гранка. Таа била мажена. Нивната врска изгледала невозможна.

Сепак, некоја таинствена сила ги привлекла тие двајца луѓе откако размениле само неколку збора. Истата сила поради која Нати, сега, во 2019 година, повторно ја живее таа животна епизода. Како поинаку да се објаснат вчудовидувачките коинциденции што се нижат една по друга?

Има премногу сличности за да може сето тоа да се сфати како обична случајност. Кога минатото и сегашноста ќе почнат да се повторуваат, толку многу што за тоа веќе не постои разумно објаснување, дали Нати ќе мора да признае дека е можно да се патува низ времето?