Да почнам повторно, ќе напише Мало Куче, младич во дваесеттите години, во првиот ред на писмото упатено до неговата неписмена мајка која никогаш нема да може да го прочита. Доделувајќи им ја на сите читатели – освен на мајка си – улогата на непосредни сведоци на интимната исповед, Мало Куче започнува силна приказна за идентитетот, растењето, машкоста и љубовта. Со искуства што безрезервно ќе ги сподели со сите – јасно определени од потеклото и од сексуалноста, но и од семејната историја – ги осветлува животните приказни на многу припадници на работничката класа во Америка, поставувајќи го притоа неизбежното важно прашање: како ќе преживееме во ваков свет, без никој да заборави кои сме?

Односот меѓу мајката и синот ретко бил раскажуван со толку мачна тежина, во чија основа јасно сјаат моментите на наизменична нежност и емпатија. Со несекојдневна, лирски и метафорички богата проза, Оушн Буонг дава остар поглед кон американското секојдневје потонато во насилство, траума и опоидна зависност но, донесува и силен увид во виетнамската култура, најцврсто и најнепосредно втемелена во женските фигури на семејството на јунакот. Убавината на земјата за која пишува, а која постои само кратко, човек не може да ја заборави.

“Сурово, бестрашно. Во проза блескава и убедлива исто колку и неговата поезија, Вуонг ја истражува способноста на приказната да ги исцели генерациските рани.” – Есквајер

“Еден од најубавите романи што сум ги прочитал досега, книжевно чудо и дело со извонредна човечност, вистински бисер.” – Макс Портер, автор на романот Тагата е пернато суштество