Мртва трка е сурова егзистенцијална приказна за безнадежноста во еден провинциски град кој може да се наоѓа каде било во светот. Со својот разговорен јазик, неа ја раскажуваат неколку тинејџери чии денови минуваат меѓу училиштето, тренинзите во базенот и решеноста да ги пробаат сите забранети овошја на животот, дури и по цена на сопствениот живот. Од една страна, имаат сѐ што сакаат – дрога, секс, брзи автомобили, видеоигри. Но од друга страна, немаат ништо: нивната иднина е лишена од можност за интимност или радост.