По разводот, младата привлечна мајка Соња се обидува да го задржи старателството над својот син Томас. Мисли дека со заминување на Флорида ќе побегне од канџите на безмилосниот поранешен сопруг. Но…
Ова продолжение носи уште посилна динамика, интензивни психолошки судири и детално го разоткрива делувањето на наркомафијата на меѓународно ниво, но и улогата на банкарските, индустриските олигарси и политичарите во Исланд, Данска, САД, Мексико и Франција.

Книгата ја илустрира немоќта на Соња, Томас, Марија, Агла и другите ликови да се извлечат од стегите на организираниот криминал. Кога синот на Соња е киднапиран од нејзиниот поранешен сопруг, таа е принудена повторно да влезе во светот на шверцот на кокаин. Но овој пат, Соња има сопствен план – решена е да ги урне нарко-босовите и да си го врати синот.

Работите, сепак, не се толку лесни како што изгледаат на прв поглед…
Со низата неочекувани пресврти, „Мрежа“ е напнат и неизвесен трилер кој држи во неизвесност до последната страница.

  „Напнат, неизвесен и дава повеќе од неколку неочекувани пресврти.“ – Сандеј Тајмс
  „Во ова дело може да се ужива и како во самостоен роман, но јас би предложил прво да го прочитате неговиот претходник за целосно искуство.“