Мистериозна болест која предизвикува смрт во ужасна агонија како епидемија се шири меѓу највисоките функционери на неколку европски земји од поранешниот источен блок, а погодува и голем број американски експерти чија работа во амбасадите е параван за шпионажа. Една од првите жртви е невино осумгодишно момче од сиромашно предградие на Москва. Џонатан Смит, поттикнат од информациите добиени од неколку преплашени московски лекари, ја следи трагата на непознат вирус и наскоро открива дека Студената војна е завршена, но тензиите меѓу поранешните велесили за доминација не исчезнале со неа…