Приказната започнува во една таванска соба во куќата на Баба Баба во Охрид. Таа е двапати баба бидејќи прво ù е баба на мајка му на Јане, а потоа е баба на Јане.Таа е мајка на бабата на Јане, а на Јане му е прабаба. И токму во таа таванска соба, што некогаш била кат во кој НЕ се чувале старите работи, Јане го запознава својот пријател А. Токму таа зима кога Јане има девет години се качува во таванската соба по најубавото ново нешто – слаткото на Баба, но кога посегнува по теглите на рафтот се случува катастрофа. Пропаѓа во распараното седиште на столот на кој е поткачен и неколку тегли паѓаат на земја. Две тегли ги спасува стариот килим на тетка му, но од едно купче срчи нешто силно почнува да чади… Токму тој чад е пријателот А, што би бил скапоцен пријател за секое дете.
НАЈНОВИ ПРОИЗВОДИ
-
Искинатиот вел
250 ден
-
Фенг Шуи во вашиот живот
360 ден
-
Не знам кај ми е главата
390 ден
-
Кривата Дијана
330 ден
-
Што (не) е љубов
650 ден
