Лоша храна, недостаток на Сонце и свежа вода се едни од главните причини за многу болести.
Еден прекрасен пример на човек што се излекувал со Сонце и жива храна е и нашата Маја.
Оваа, со полно срце напишана книга, богата со рецепти за жива и вкусна храна, е практичен прирачник кој доаѓа во вистински момент кога сè повеќе луѓе во Македонија го откриваат прекрасниот свет на живата храна, „заразена“ со македонското Сонце.