Мирабела е посебна бидејќи е поинаква. Мајка ѝ е вештерка, татко ѝ е виленик, а таа обожава да прави волшебни палавости! Кога Мирабела и брат ѝ одат на гости кај своите баба и дедо самовили, Мирабела се труди да биде најпослушна и што помалку вештерка! Но, малку скришна вештерска магија прераснува во малку повеќе, додека не се случи целосен хаос! Може ли Мирабела да го среди хаосот пред да дознае баба ѝ?