Oва не е книга за ПРЕДВИДУВАЊА, ниту е книга за ИДНИНАТА. Предизвиците и прашањата присутни во оваа книга се веќе со нас, во секоја од развиените држави и во најголемиот дел од државите во развој (на пример, Кореја или Турција). Тие веќе може да бидат подложни на идентификување, дискутирање, анализирање и препорачување. Некои луѓе, на некои места, веќе работат на нив. Но засега, тоа го прават мошне малку организации и мошне малку извршни раководители. Оние кои денес работат на овие предизвици, а поради тоа се подготвуваат себеси и своите институции за новите предизвици, ќе бидат предводниците и ќе доминираат со утрешнината. Веројатно ќе заостанат, а можеби и никогаш нема да се опорават оние кои чекаат сè додека овие предизвици навистина не се претворат во„жешки“ прашања. Затоа, оваа книга е наречена Повик за дејствување. Во својата прва голема нова книга по Пост-капиталистичко општество, Питер Ф. Дракер дискутира за новите парадигми на менаџментот – како тие ги променија и ќе продолжуваат да ги менуваат нашите основни претпоставки за практиките и принципите на менаџментот. Дракер ги анализира новите реалности на стратегијата, покажува како да бидеме предводници во периоди на промена и ја објаснува „новата Информациска револуција“, дискутирајќи за информациите кои му се потребни на извршниот раководител и за информациите кои извршниот раководител ги должи. Тој ја истражува и продуктивноста на работниците кои поседуваат знаење, покажувајќи дека за зголемената продуктивност се потребни промени во основниот став на поединците и организациите, како и структурни промени во самата работа. Конечно, Дракер го разгледува крајниот предизвик – менаџирањето со самите себеси – додека едновремено сè уште се задоволуваат барањата на поединецот во текот на подолгиот работен век и на секогаш променливото работно место.
“Менаџерот ‘една минута’ создава високо ефикасни тимови&rdquo е додаден во Вашата кошничка. Погледни кошничка
НАЈНОВИ ПРОИЗВОДИ
-
Мојата Радосница 199 ден
-
Текст маркер, мал -Stitch pastel
58 денOriginal price was: 58 ден.50 денCurrent price is: 50 ден. -
Пенкало пиши-бриши Stitch Blue
118 денOriginal price was: 118 ден.100 денCurrent price is: 100 ден. -
Пенкало силиконско, долго - Stitch
180 денOriginal price was: 180 ден.150 денCurrent price is: 150 ден. -
Пенкало пиши-бриши Stitch Black
118 ден100 ден