Втората книга од приказните за Шерлок Холмс содржи дел од најдобрите авантури на најпознатиот детектив на сите времиња. Класична збирка од 1894 година, во која на Холмс му се даваат подлабоки димензии, а заплетите стануваат сè помрачни и покомплексни.
Шерлок Холмс и неговиот верен партнер д-р Вотсон ќе решат дел од најбизарните случаи – исчезнувањето на тркачкиот коњ “Сребрен Пламен”, ужасните околности во кои ќе се најде “Грчкиот толкувач” и чудната мистерија на “Ритуалот на семејството Масгрејв”, а наспроти сите овие случаи, еден генијален криминален ум ќе планира како да му стави крај на постоењето на големиот детектив.
Холмс и д-р Вотсон остануваат најдобриот тим детективи во историјата, а начинот на кој сер Артур Конан Дојл ги прикажува машкото пријателство, возбудата при гонењето, како и магливите предградија на градот Лондон во викторијанската ера, останува нешто неповторливо во детективската книжевност.
“Биди и имај&rdquo е додаден во Вашата кошничка. Погледни кошничка
НАЈНОВИ ПРОИЗВОДИ
-
Басни од Х.К. Андерсен
250 ден
-
Роботчето Р1
200 ден
-
Леле каков гостин
200 ден
-
Меѓупланетарна брканица
200 ден
-
Водопадот на Божилакот
200 ден
