Приказната ја раскажува 15 годишниот Оскар, ученик кој живее во интернат кој се чини дека започнува да открива една разрешница во сопствената ексоненцијална криза. По игра на случајности влегува во една куќа која припаѓа на Герман Блау, енигматичен човек и уметник кој живее со својата ќерка Марина. Оскар се вљубува во Марина и нејзината нежна, но сепак енергична состојба, и едно неделно попладне, тие шетаат низ улиците на старата Барселона и случајно патиштата им се вкрсуваат со една жена облечена во црна боја, како става една роза на гробот обележан со мала црна пеперутка. Тие ја следат оваа жена, со што откриваат приказна стара 30 години и завиткана во ужасна трагедија и мистерија во рацете на алчноста и жедта на човекот за долговечност.
Марина е една од оние книги кои постојат за да ги прочитате во еден здив, затоа што навистина ќе ве воодушеви со сопствената мистерија и впрочем интригата на самата приказна. Тоа е роман со одличен наративен стил по кој е познат самиот Зафон. Ги меша одлично елементите на тинејџерски роман со мистеријата и непознатото и нуди возбудливи тајни за кои се прашуваме дали имаме доволно храброст да ги откриеме или разрешиме?