Малиот принц од Антоан де Сент-Егзипери е книга за тесноградоста и преголемата практичност на возрасните лица, кои често се судираат со детските гледања на светот и кои немилосрдно го стеснуваат и осиромашуваат, се додека од децата не направат попустливи возрасни личности. Во оваа книга има бројни идеи за осаменоста, љубовта и слободата,за човековата потреба во себеси и околу себеси да воспостави живот кој нема да биде ограничуван и спречуван со крутите правила и во кој секој, почнувајќи од розата па до змијата, ќе го разубавува и ќе зазема некое значајно место. Во душата човекот мора да биде вистински млад за да го сака Малиот принц, каде приказните се со многу чувства и итрини. Малиот принц е книга за осаменоста, за постојаните враќања и разделби. Авторот Антоан де Сент-Егзипери бил пилот. Умеел да лета на крилата на авионот, но и на крилата на фантазијата…
“20 000 милји под морето&rdquo е додаден во Вашата кошничка. Погледни кошничка
НАЈНОВИ ПРОИЗВОДИ
-
Како на филм 430 ден
-
Давеничката 490 ден
-
Танцувај со мене Сузан Е. Филипс 520 ден
-
Нескршливото срце на Олива Денаро 450 ден
-
Крстопати 520 ден