Трагедијата Македонска крвава свадба е најзначајно и најпопуларно дело на Војдан Чернодрински. Македонска крвава свадба е впечатлив фрагмент од мозаикот сочинет од страдањата на македонскиот народ, од солзите на обесчестените жени и девојки, од револтот на обесправените и ограбените.
Од уметнички аспект Македонска крвава свадба недвосмислено ја потврди творечката зрелост на Чернодрински кој ова свое дело и го извел со сопствената театарска група Скрб и утеха.
Војдан Чернодрински (1875-1951) е основоположник на македонската драма и театар, револуционер и визионер, кој целото свое творештво, целиот свој живот ѝ ги посвети на поробената татковина.
Овој истакнат драматург прв успеа да ја конституира и афирмира нашата драма како самостоен литературен род. Неговиот творечки опус има многустрано значење и е најтесно поврзан со неговата долгогодишната културно – уметничка и револуционерна дејност.
Најпознати драмски текстови на Чернодрински се: Македонска крвава свадба, Македонска емиграција, Духот на слободата, Бурите крај Вардар, Од главата си патиме, Робот и агата, Зло за зло и други.
“Евгениј Онегин&rdquo е додаден во Вашата кошничка. Погледни кошничка
НАЈНОВИ ПРОИЗВОДИ
-
Злосторство и казна (том 1) 250 ден
-
Злосторство и казна (том 2) 250 ден
-
Бедни луѓе 300 ден
-
Исто како и секогаш 550 ден
-
Шпанска љубовна измама 590 ден