“Што сакаш, всушност, да знаеш? – гласот и беше сув.
“Јас…ми падна тешко што не сакаше да се види со мене”, признав.
“Со никого не се гледаше, ако ти е тоа утеха. Секој човек има право на избор, нели?” го повиши гласот.
“Да, да”, промрморив. “А и јас не бев којзнае колку упорна. Му ја почитував одлуката. Можеби и се плашев да го видам таков…”
Луна е роман за незавршените комуникации во нашите животи. Две жени, Роса и Теодора, се обидуваат преку спомените на другата да проникнат во сопственото минато. Заедничка им е љубовта кон Калин, кој пред смртта остава една папка преполна со романтични вознеси за Луна.
Која е Луна? Тоа е загатката што двете жени ќе ги принуди на сојузништво. Трагајќи по Луна, тие постапно се доближуваат една до друга и се ослободуваат од сеништата на минатото.