Повеќе од петнаесет години најуспешните компании и најбогатите луѓе на светот ја применуваат формулата на Робин Шарма – еден од најбараните гуруа на денешнината.
Оваа формула сега ви е достапна и вам, преку вдахновените пораки за тајните на успехот и личната среќа. Книгата “Лидер без титула” ќе ве научи:
-Да бидете исклучителни во својата работа, без оглед на функцијата што ја имате
-Да ја искористите секоја шанса во тешките времиња
-Да изградите одличен тим и да станете продавач број 1 –
Да ги совладате тактиките за ментална стабилност и физичка снага
-Да се изборите со стресот, да размислувате позитивно, да ослободите енергија и да постигнете хармоничен живот
Без оглед на позицијата што ја заземате во компанијата и на моменталните околности во својот приватен живот, не заборавајте дека поседувате моќ да станете лидер. Оваа книга ќе ве научи како да ја стекнете оваа моќ и да го измените не само својот живот туку и светот околу вас.
Дајте го својот максимум!