Алиса Грис и инспекторот Варгас ја истражуваат мистеријата на исчезнувањето на министерот Маурисиус Ваљс. Но, штом наидуваат на првите озбилни траги, добиваат вест дека истрагата е прекината, бидејќи тимот кој работел паралелно со нив ги поврзал сите конци и успеал да го реши случајот. Менторот на Алиса ја ослободува од обврските према службата за која работела толку години. Но, Алиса знае дека решението на случајот е само димна завеса, само доказ дека мистеријата на која работеле е многу поголема и поопасна отколку што изгледала на почетокот.