И во ова дело, Јелена Бачиќ Алимпиќ со силата на својот раскажувачки талент вешто ги преплетува приказните за две жени, два града и едно злосторство. Напишан со истенчено внимание за историски поединости и полн со емотивен набој, КУФЕРОТ ОД БЕРЛИН е интригантен роман кој ќе ви ја врати вербата во бескрајната моќ на љубовта.
Животот на Вера Милер позната по решавањето на најзамрсените случаи на исчезнувања на луѓе, целосно ќе се измени кога во нејзината канцеларија ќе дојде Ханс Бауер со една молба, да му помогне да ја пронајде својата оддамна изгубена љубов, да отиде во Санкт Петербург и да го понесе куферот од Берлин.