Во срцето на Белград, во време кога светот го губеше разумот, кројачот изработува повеќе од само одела – тој создава судбини.

Јакоб, младиот наследник на познато кројачко семејство, е принуден да го промени своето име и идентитет за да го преживее пеколот на Втората светска војна. Кога неговиот татко е однесен во логорот, тој и неговата мајка добиваат засолниште од еден стар семеен пријател, мајсторот-занаетчија Воја Јовановиќ. Преку шепотот на иглата и тајните вшиени во ткаенината, Јакоб учи да преживее во свет каде што сè се менува, но едно нешто останува исто – лојалноста кон семејството.

Кога Олгица, сираче спасено од логорот, ќе се појави во нивните животи, Марта, мајката на Јакоб, ќе ѝ понуди љубов и заштита, несвесна дека еден ден ќе мора да ја пушти…

Во својот најнов роман „Кројачот“, Јелена Бачиќ Алимпиќ пишува приказна за љубовта, храброста и човечноста во најтемните времиња. Ова е роман за оние кои создале животи и покрај смртта, за тајните зачувани во шевовите на оделото и за судбината, која, како конец, се ткае низ генерациите.