Светски најпознатиот космолог и автор на бестселерот Кратка историја на времето, во ова брилијантно постхумно дело ни ги предава своите последни размисли за најкрупните прашања за универзумот. Како настанал универзумот? Дали човештвото ќе преживее на Земјата? Постои ли интелигентен живот вон нашиот Сончев систем? Можно ли е вештачката интелигенција некогаш да нè надмине? Во текот на својата исклучителна кариера, Стивен Хокинг го прошири нашето разбирање за универзумот и ни откри некои од неговите најголеми мистерии. Но, иако неговата теориска работа на cрните дупки, имагинарното време и мноштвото истории го одведе неговиот ум до најдалечните предели на вселената, Хокинг исто така веруваше дека науката игра суштинска улога во решавањето на проблемите тука, на Земјата.