Насловите на поглавјата во книгата се избрани за да го истакнат богатството на материјалот кој му бил достапен на Ошо за темата: ослободување на мажите. Овие архетипови мажи: Адам, робот, просјак, љубовник, политичар, коцкар, создавач, Зорба, сопруг, татко, пријател, заводник, научник, бизнисмен, човек што медитира, воин, учител, просветител и други – не смееме да ги сфатиме како фиксни типови карактери или личности, туку едноставно како описи на одредени тенденции, ограничувачки примери во однесувањето на различните личности, ограничувачки примери заеднички за сите нас. Како што покаува Ошо, нашата реалност лежи над сите тие теории и категоризации. Овие Архетипски концепти се употребени за да ни помогнат да ги препознаеме нашите посебни склопови на умот. Само тогаш ќе можеме да се вивнеме над умствените ограничувања и над границите – да се вивнеме над личноста и да го откриеме нашето оригинално лице, единственото реално и важно Сопство.
НАЈНОВИ ПРОИЗВОДИ
-
Фокусираност
550 ден440 ден -
Романса со господин Бриџертон (Бриџертон #4)
520 ден416 ден -
Мрежа
299 ден239 ден -
Ништо од ова не е вистина
500 ден400 ден -
Оддел Д
520 ден416 ден