Децата се спонтани и слободни, радосни и палави, природно креативни. Нашата култура е подготвена да го набљудува детството низ розовите очила на носталгијата, но вистина е дека со родителските барања и со вообичаената едукација, природните таленти на децата често се жртвуваат поради боговите на „продуктивноста“ и убавото однесување. Иако многумина од вас на своето детство се сеќаваат со љубов, мал број деца навистина уживаат во своето рано детство. Како што вели Ошо: „Секое дете сака да порасне што порано и што побрзо бидејќи гледа дека возрасните се моќни луѓе, дека можат да прават што сакаат, дека имаат многу пари. Затоа природно е што децата сакаат да пораснат“. Оваа книга се залага за „ослободување на детето“ и претставува водич за секој возрасен човек, кој размислува да го пронајде патот и да им дозволи на децата да процветаат и да го искористат својот најголем потенцијал. Поглавјата се однесуваат на совети за родителите, малите деца и за тинејџерите, за едукација и за медитација.
НАЈНОВИ ПРОИЗВОДИ
-
Фокусираност
550 ден440 ден -
Романса со господин Бриџертон (Бриџертон #4)
520 ден416 ден -
Мрежа
299 ден239 ден -
Ништо од ова не е вистина
500 ден400 ден -
Оддел Д
520 ден416 ден