Клетници — роман на францускиот писател Виктор Иго објавен во 1862 година, којшто се смета дека е еден од најзначајните романи на 19 век. Тој ги следи животите на неколку ликови во период од 17 години во почетокот на XIX век, од 1815 година до 1832 година, т.е. до Јунското востание. Романот се сосредоточува на борбите на поранешниот осуденик Жан Валжан и неговото скорешно ослободување од затвор. Притоа, во него, Иго ја испитува природата на законот и славата, пишува за историјата на Франција, архитектурата во Париз, за политиката, за моралната филозофија, за антимонархизмот, за правдата, за религијата и за типовите и природата на романтичната и семејната љубов, итн.