Кифличката Мирна — роман за деца на македонската писателка Оливера Ќорвезироска, првобитно издаден во 2017 година. Романот е изборна лектира за трето одделение.
Напишана во прво лице, со јас раскажувачот Мирна, бебе кое се обраќа до младиот читател уште пред да биде родено. Преку раскажувањето на малата кифличка (бебе) Мирна читателот се запознава со патот и животот на едно бебе од болницата до животот дома со мама и тато.