ГОЛЕМО ФИНАЛЕ НА ТРИЛОГИЈАТА КАЗНА ЗА ГРЕВОТ
Постојат животи кои се раѓаат и умираат додека трепнеш, ама во нив не се случува ништо што вреди да се спомне, зошто не се одживеале моментите кои ги помниш цел живот поради она што се одвивало во нив.
Чесна, убава и образована, Емилија Нојбауер по многу години борба, учење и одрекување, конечно го остварува својот сон и станува професор на Универзитетот во Виена. Нејзиниот ментор и сопруг, Франц Нојбауер, ја поддржува од сесрце. Сепак, тој го губи здравјето, по најпрво слепилото, а потоа и психичките проблеми предизвикуваат огромно страдание на сите околу него. И додека, имотот на Ерцегови, театарот на домашната среќа на Емилија и извор на вечна тага, тоне во бездна и пропаст, милите лица во Виена и миговите полни со радост и ја осветлуваат душата. Но, искушенијата во животот не го губат здивот. По болното прашање за мајчинството – по долги години прифаќање да биде она што срцето не е – на прагот да донесе решение и да избере сосема поинаков живот, на Емилија ќе и пристигне писмо одамна напишано, а со него и закана дека заборавените ветувања од минатото засекогаш ќе и ја сменат иднината. Како да ги заштити најмилите од дамнешниот грев ? Кој може да даде прошка за грев?
И на крај… младоста не се враќа, ама може ли љубовта одново да и тропне на вратата?
Молитва за прошка за Јелена Бачиќ Алимпиќ е големо финале на трилогијата Казна за гревот. Ова е роман за пресудните години, за занемените вистини, за лагите и за гревовите. И за љубовта, како последното засолниште.
НАЈНОВИ ПРОИЗВОДИ
-
Папка со ластик - Stitch Disney 120 ден
-
Молив - Colorino Stitch 60 ден
-
ETUI CoolPack Jumper Stitch Pastel 1.800 ден
-
ETUI CoolPack Jumper Stitch 1.800 ден
-
Дрвени боици - Stitch Colorino Disney 160 ден