Во своето срце ја понесов рамницата, таа непрегледна, напатена земја, големото панонско небо и неговата бистрина, и тебе – малечка дамка во бескрајот. Ти не знаеше дека патував со тебе и со твоите соништа, непоканета, а јас не можев да знам дека имам билет само во еден правец. Сега знам, Михајло. Ти не си виновен.
Во почетокот на 20 век во една мирна војводинска рамница – во едно зафрлено гратче во срцето на Бачка-на имотот на грофот Ерцег ќе се случи една од најнеобичните љубовни приказни на овие простори. Тајната на една млада девојка засекогаш ќе ги смени судбините на две семејства — аристократско и сиромашно. Михајло, син на властелин и Емилија, ќерка на ковач, израснуваат заедно и со текот на времето стануваат најдобри пријатели. Нивното пријателство прераснува во силна и страсна љубов што им се спротивставува на општествените норми и сталешките принципи. По многу години обвиени со тајни и лаги зад sидините на грофовскиот кастел, една ноќ ќе промени се…
Ноќта кога дојдоа сватовите е првата книга од амбициозната трилогија “Казна за гревот”, исклучително емотивен роман проткаен кревките остатоци од човечката болка и слабост, од јалови желби, лаги и неискажани тајни. Јелена Бачик – Алимпиќ суптилно ни раскажува за едно одамна минато време и за забранетата врска меѓу двајца млади кои се борат за својата љубов.