Некој сака да им наштети на шесте херои од дружината ТКЦП.
И не, не се тоа Смрдливците, нивните вечни непријатели, туку некој посилен, попаметен и помоќен… некој друг командува со Смрдливците и подготвува замка за Лео и другарите!

Но, кој? Кој е мистериозниот непријател?

Кој е смрдливецот во сенка? И чија е страшната канџа во мракот?

Еј, на оваа книга ù требаш ТИ!

Добојувај, доцртувај, допишувај и дополнувај ја твојата авантура додека читаш. Подготви се за многу возбуда, акција и смеење.