Калуѓерот кој го продаде своето ферари е приказна за Џулиен Ментлу, врвен адвокат, чиј неизбалансиран начин на живот ќе го доведе скоро до фатален инфаркт во преполната судница. На физичкото пропаѓање му следи духовна криза, која ќе го натера да размисли за својот живот и да побара одговор на најважните животни прашања. Со надеж дека ќе најде среќа и исполнување, заминува на едно необично патување. Запознавајќи една стара култура открива моќен начин како да го ослободи потенцијалот на својот ум, тело и душа и како да живее со повеќе страст, смисла и мир. Брилијантна мешавина на источната духовна мудрост и острите западни принципи за успех, оваа инспиративна приказна чекор по чекор ни го посочува патот до похрабар и поизбалансиран живот, живот исполнет со изобилство и радост. „Ништо помалку од сензационалност. Оваа книга ќе го благослови вашиот живот.“ Марк Виктор Хенсен, коавтор на книгата Мевлем за душата „Забавна, фасцинантна, имагинативна авантура полна со мудрост која може да го збогати и унапреди животот на секој поединец.“ Брајан Трејси, автор на книгата Најголемиот подвиг „Забавна книга која ќе го измени вашиот живот.“ Илејн Ст. Џејмс, автор на книгите Поедностави го својот живот и Внатрешна едноставност „Магична приказна, поучна и забавна истовремено“ Паоло Коелјо, автор на Алхемичарот
НАЈНОВИ ПРОИЗВОДИ
-
Злосторство и казна (том 1) 250 ден
-
Злосторство и казна (том 2) 250 ден
-
Бедни луѓе 300 ден
-
Исто како и секогаш 550 ден
-
Шпанска љубовна измама 590 ден
Слични продукти:
-
ПОПУСТ
Некој друг живот
390 денOriginal price was: 390 ден.200 денCurrent price is: 200 ден. Додај во кошничка