Зборникот на Браќата Миладиновци е објавен во 1861 година и со право се нарекува книга над книгите, односно огледало на животот на македонскиот народ и потврда на неговата поетска дарба. Тој е дело со речиси 600 македонски народни песни, а неговото значење за развојот на македонската култура е огромно. Димитар и Константин се родени во Струга, во семејството на грнчарот Ристе Миладин. Основно образование завршиле во Струга, а подоцна и гимназија во Јанина, денешна Грција. Константин дипломирал во 1852 година на Филозофскиот факултет во Атина, отсек грчка филологија. Со диплома на учител браќата се вратиле во родниот крај каде учителствувале во повеќе места. Во училиштето во Охрид, Димитар Миладинов се сретнал со познатиот руски научник, славистот Виктор Иванович Григорович. Оваа средба била пресудна Миладиновци да почнат да се занимаваат и со собирачка дејност – собирање и запишување македонски народни песни и други умотворби, кои подоцна ги отпечатиле во Зборникот.
НАЈНОВИ ПРОИЗВОДИ
-
П.С. Те сакам
500 ден400 ден -
Жена на дното
550 ден440 ден -
Девојчето во снегот
500 ден400 ден -
Аномалија
520 ден416 ден -
Љубовен експеримент во Њујорк
590 ден472 ден
