КОНТАКТ: +389 34 347-101

КНИЖАРНИЦА КУЛТУРА
2.230 ден
3
  • ДОМА
  • ЗА НАС
  • ПРОИЗВОДИ
  • КОНТАКТ
Дома / Литература за возрасни / Издавачи / Топер / Искри како ѕвезди

НАЈНОВИ ПРОИЗВОДИ
  • Како на филм Како на филм 430 ден
  • Давеничката Давеничката 490 ден
  • Танцувај со мене Сузан Е. Филипс Танцувај со мене Сузан Е. Филипс 520 ден
  • Нескршливото срце на Олива Денаро Нескршливото срце на Олива Денаро 450 ден
  • Крстопати Крстопати 520 ден
Нема на залиха Zoom
Искри како ѕвезди

Искри како ѕвезди

499 ден

Надија Хашими

Нема на залиха

Додај во желботека
View Wishlist
Сподели
Категорија: Топер
  • Опис:
„Напнато… емоционално. Се затеков себеси како желно го следам дејството, нешто што го немав сторено многу одамна, со големо нетрпение и исчекување каков нов пресврт ќе се случи“ – НПР (Државно радио)

Американка со авганистанско потекло се враќа во Кабул со цел да ја дознае вистината за своето семејство и за трагедијата што им го уништила животот: тоа е дејството на овој брилијантен и жесток роман од авторката на бестселерите Бисерот што ја скрши школката, Куќа без прозорци и Кога месечината е ниско.

Кабул, 1978 година: Како ќерка од угледно семејство, Ситара Замани живее живот полн со привилегии во авганистанската космополитска престолнина. Тие 70-ти години се период што ветува извонредно многу, под водство на луѓе како Сардар Дауд, прогресивниот авганистански претседател, и саканиот татко на Ситара, инаку десната рака на претседателот. Но, светот на десетгодишната Ситара се урива кога комунистите изведуваат воен удар, при што ги убиваат претседателот и сите од семејството на Ситара. Таа е единствената преживеана.

Од палатата скришно ја изнесува еден гардист по име Шаир, по што Ситара на крај завршува во домот на една американска дипломатка, која ја посвојува и ја подига во Америка. Во својата нова земја, Ситара добива и ново име – Аријана Шеперд – и се фрла на студии, за на крај да стане познат хирург. Како еденствена преживеана од трагедијата, Аријана одбива да гледа зад себе и место тоа решава траумата и катастрофалната загуба што ги претрпела да ги закопа длабоко во себе.

Њујорк, 2008 година: Триесет години по таа фатална ноќ во Кабул, светот на Аријана повторно се разнишува од корен кога во нејзината ординација влегува еден постар пациент – човекот кого не очекувала дека некогаш повторно ќе го види. Тоа е Шаир, војникот што ја спаси, а, сепак, кој, можеби, и го убил целото семејство. Средбата со него кај Аријана буди гнев и желба за одговори – и, можеби, за одмазда. Сфаќа дека не може да продолжи со животот ако не ја дознае вистината, па тргнува во потрага, која ја враќа во Кабул – центарот на борби меѓу корумпираната влада и талибанските фундаменталисти – и низ засенчените сеќавања на саканиот свет што го изгубила.

Смела, просветлувачка, трогателна, а, сепак, полна со надеж, Искри како ѕвезди е приказна за домот – за Америка и за Авганистан, за трагедијата и за опстанокот, за повторното пронаоѓање и сеќавање, приказна раскажана со карактеристичниот глас на Надја Хашими.

Слични продукти:

  • Животот е роман
    Додај во желботека
    View Wishlist
    Романса

    Животот е роман

    240 ден Додај во кошничка
  • Нејзиното име Ајлин
    Додај во желботека
    View Wishlist
    Драма

    Нејзиното име Ајлин

    199 ден Додај во кошничка

Работно време 08:00 – 20:00 ч.           +389 34 347-101

БРЗИ ЛИНКОВИ
  • Психологија
  • Сакам книги
  • Литература за возрасни
КАТЕГОРИИ
  • Дидактички материјали
  • Училиштен и канцелариски материјал
  • Наша култура
  • Речници и прирачници
ПОДДРШКА
  • Политика за приватност
  • Услови и правила
  • Испорака
Е-БИЛТЕН
Внеси ја твојата е-пошта за 10% попуст на првата нарачка.

2020-2025 © КНИЖАРНИЦА КУЛТУРА. Сите права задржани. Изработено од SERAFIMOV GROUP.

КНИЖАРНИЦА КУЛТУРА
2.230 ден
3

Со цел да ви обезбедиме персонализирано искуство за купување, нашата страница користи колачиња. Продолжувајќи да ја користите оваа страница, се согласувате со нашата политика за колачиња.

ПРИФАТИ
Мени
  • ДОМА
  • ЗА НАС
  • ПРОИЗВОДИ
  • КОНТАКТ