Оваа кнга е дел од серијалот од вкупно осум книги што Ани М. Г. Шмит ги издава во периодот од 1952 до 1957 година.
Јип и Јанеке се најпознатите и најомилените холандски детски ликови, кои дури си го најдоа местото и на листата на „пет типично холандски феномени“. Приказните за овие две деца од претшколска возраст кои повеќе од педесет години ги освојуваат срцата на младата читателска публика ширум светот, се крајно духовити, пишувани со едноставен јазик и карактеристична смисла за хумор. Надополнети со оригиналните црно-бели илустрации на Фип Вестендорп, книгите за Јип и Јанеке влегуваат на листата на најдобрите детски книги на сите времиња.
Јип и Јанеке се најдобри другари. Тие играат заедно, се смеат, често се караат, прават палавштини и запаѓаат во неволи, чуваат кучиња и мачиња и, како и сите други деца, јадат многу слатки.
НАЈНОВИ ПРОИЗВОДИ
-
Фокусираност
550 ден440 ден -
Романса со господин Бриџертон (Бриџертон #4)
520 ден416 ден -
Мрежа
299 ден239 ден -
Ништо од ова не е вистина
500 ден400 ден -
Оддел Д
520 ден416 ден