Дали е возможно да пронајдете месија во современиот свет? И што е уште поважно – дали може секој од нас во себе да го пронајде својот неразбуден духовен учител?
„Илузии“ на Ричард Бах е книга за слободното летање на нашата душа низ безвременските вистини. Луѓето и пред авионите имале способност да „летаат“ на крилјата на својата имагинација, а во потрагата по внатрешните духовни висини, станувале вистински пилоти на сопственото спознание.
За потиштениот писател и пилот Ричард Бах, вербата е вистинска колку и полниот резервоар на неговиот авион – двокрилец. Сѐ до мигот кога ќе го запознае Доналд Шимода, поранешен механичар и таканаречен месија, кој го мотивира Ричард да полета, пред сѐ – во самиот себе…
Книга за размислување и себеспознавање, книга за нашите внатрешни летови!