Каква може да биде оваа книга? Ако ги прашаме оние кои ја прочитале сенка на ветрот сите ќе се согласат дека оваа книга мора да е одлична исто како и другото дело на Зафон. Оној кој ја прочитал – знае, а оној кој не ја прочитал – нека го направи тоа веднаш!

Барселона – дваесеттите години на минатиот век.
Во турбулентното време во кое животот е тежок и неизвесен, младиот писател Давид Мартин, опседнат со невозможна љубов, добива понуда од мистериозен издавач да напише книга каква што никогаш не била напишана, во замена за богатство и можеби нешто повеќе… Низ контактот со таинствениот издавач, Давид се заплеткува во мрачна приказна што била почната пред многу години.
Колку повеќе се обидува да се извлече од комплицираната ситуација во која се наоѓа, толку повеќе станува дел од низа трагични случувања.
За да се појасни од старт морам да кажам дека „Играта на ангелот“ ни ги опишува настаните што им претходат на настаните во „Сенка на ветрот“.