Џером Д. Селинџер е американски писател, роден во 1919 година. Меѓународен успех постигнува со романот Игра во ‘ржта (The Catcher in the Rye) објавен во 1951 година, во кој шеснаесетгодишниот Холден Колфилд раскажува за своето заминување од интернатското училиште од кое е исфрлен, во Њујорк. Неговата средба со градот на хотелите, таксистите, разните ноќни случувања… опишана е со фрази од младешкиот жаргон, а Селинџер притоа ја афирмира детската невиност и неконвенционалниот однос кон бесцелноста на материјалното изобилство. Постои голема симболика во насловот на романот, имено главниот јунак – тинејџерот Холден, бара нешто, а ни самиот не знае што, а тоа е толку недостижно… ја бара смислата на животот… изгубен е…ништо не му се допаѓа…на крајот ја наоѓа својата среќа кај својата помала сестричка Феба…
НАЈНОВИ ПРОИЗВОДИ
-
Злосторство и казна (том 1) 250 ден
-
Злосторство и казна (том 2) 250 ден
-
Бедни луѓе 300 ден
-
Исто како и секогаш 550 ден
-
Шпанска љубовна измама 590 ден