Хантер, најстариот од десетте браќа и сестри Абот, се гордее со својата способност да ги решава туѓите проблеми, но што ќе направи кога „несреќата“ ќе тропне и на неговата врата? Хантер Абот, финансиски маг од прекрасниот Вермонт, самоуверено се грижи за деловните интереси на семејната фирма, и со еднаква леснотија ги држи невидливите узди на семејната слога. Сепак, постои нешто што ни семоќниот Хантер не може да го заузда: своите чувства кон непредвидливата и тврдоглава Меган Кејн. Затоа ѝ се препушта на страста, готов да ѝ покаже на сите начини дека токму тој е вистинскиот човек за неа. Но, Меган, губејќи ги на еден или на друг начин сите што ги сакала, цврсто си ветила самата дека љубовта никогаш повеќе нема да ја измами…
НАЈНОВИ ПРОИЗВОДИ
-
Некој друг
315 ден
-
Излез од криза
475 ден
-
Астролошки записи
630 ден
-
Моќта на умот, моќта на срцето
525 ден
-
Љубовни патокази
475 ден
