Вклучувајќи ги најновите размислувања и трендови во индустријата, ова истражување на брендови и стратешкиот бренд менаџмент претставува комбинација на сеопфатната теоретска основа со бројните техники и практични согледувања за подобро донесување на краткорочни, но и долгорочни, одлуки во врска со брендот, со цел да се подобри долгорочната профитабилност на специфични бренд стратегии. Книгата обезбедува специфични тактички насоки и совети за планирање, градење, мерење, и управување со бренд капиталот. Текстот вклучува бројни примери на речиси секоја тема и анализи на бројни брендови, со објаснувања зошто се успешни или неуспешни. Читателот низ студиите на случај ќе се запознае со бројни реални приказни на разни брендови, меѓу кои и оние на Levi’s, Intel, Nivea, Nike, Starbucks, итн. Книгата е главно наменета за професионалците во индустријата, од бренд менаџери до маркетинг директори.
Кевин Лејн Келер е лидер во изучување на брендовите и стратегискиот бренд менаџмент!
“Во име на Гучи&rdquo е додаден во Вашата кошничка. Погледни кошничка
НАЈНОВИ ПРОИЗВОДИ
-
Злосторство и казна (том 1) 250 ден
-
Злосторство и казна (том 2) 250 ден
-
Бедни луѓе 300 ден
-
Исто како и секогаш 550 ден
-
Шпанска љубовна измама 590 ден
Слични продукти:
-
ПОПУСТ
Забавата може да почне
450 денOriginal price was: 450 ден.150 денCurrent price is: 150 ден. Додај во кошничка