Тој е човек што нема ништо – немо идентитет, нема сеќавање, ни љубов ни омраза – единствено го има својот бес… И еден скриен талент. Маркус е последниот исповедник: свештеник кој е способен да открива аномалии и да ги наѕира нишките од кои е исплетено секое убиство. Но, некои нишки се толку многу заплеткани што можеби дури ни тој нема да успее да ги расплете.
Не постојат траги, туку само знаци.
Нема злосторство, само аномалија.
А секоја смрт е само почеток.