Спомени, мириси, слобода. Отуѓеност, страв, стереотипи, пушки. Америка е синтеза. Точка на вриење. Почнувајќи од нејзиното најрано детство во Аризона и американските училишта, па сè до средби кои го менуваат животот, како онаа со Филис Роуз, и сите останати познанства, дури и оние кои не стигнале да се продлабочат. Во овој свет во кој е невозможно да се остварат долготрајни пријателства, што пак создава друга болка – осаменоста, тешко е човек да се присетува. А камоли да напише длабоки есеи, кои не се само критика или лично видување туку се и вонвременски дневник кој бара соголување на душата. И на безмилосната стварност, токму како што и самата Америка некогаш нема милост.