Никогаш не се изгубува сликата на Големата вода. Со неа и копнежливата желба за Сентерлевиот рид како да добиваше реална смисла, како да беше возможен, остварлив на некој начин овој чудесен, волшебен сон. Големата вода е недофатлива, таа мора да е во срцето на човекот. Во неговиот сон.“ Во „Големата вода“ – роман за прв пат објавен 1971 г. − Живко Чинго ни раскажува за случувањата во домот за сирачиња „Светлост“, во времето веднаш по Втората светска војна, време на неред, сиромаштија и глад. Приказната ја гледаме и ја слушаме низ очите и гласот на Лем Никодиноски, и преку него се запознаваме со низа гротескни, но мајсторски изработено ликови: најдобриот пријател на Лем, Исак Кејтен, управителот на домот Аритон Јаковлески, воспитувачот, поет и спортист Трифун Трифуноски, ѕвонарот Анески, воспитувачката Оливера Срезоска… Покрај оваа плејада на маркантни и конкретни ликови, низ душата на Лем прострујуваат и клучните симболи на оваа приказна – Големата вода, Сентерлевиот рид и Ѕидот.
“Авантурите на Гордон Пим&rdquo е додаден во Вашата кошничка. Погледни кошничка
НАЈНОВИ ПРОИЗВОДИ
-
П.С. Те сакам
500 ден
-
Жена на дното
550 ден
-
Девојчето во снегот
500 ден
-
Аномалија
520 ден
-
Љубовен експеримент во Њујорк
590 ден
