Генералот на мртвата војска е најпознатиот роман на Исмаил Кадаре. Во него раскажува за некои настани околу една италијанска делегација на чело со еден генерал кој доаѓа во Албанија да ги откопува коските на загинатите негови војници во Втората светска војна. Преку, едно психолошко раскажување и низ една специфична динамика на настаните, авторот создава една полидимензионална глетка на човечкото суштество. Романот има голем драматицитет, ликовите се појавуваат со огромен психолошки багаж, се соочуваат со разни ситуации. Во него се борат со животот со смртта, доброто со злото, мирот со војната и друго. Преку овие настани авторот создава универзални вредности, пред се откривајќи длабоки траги во душата на човекот, односно преку уметничката гледна точка тој ги афирмира човечките вредности кои се многу поголеми од морбидните страсти што понекогаш триумфираат кај човекот.
НАЈНОВИ ПРОИЗВОДИ
-
Молив - Colorino Stitch 60 ден
-
ETUI CoolPack Jumper Stitch Pastel 1.800 ден
-
ETUI CoolPack Jumper Stitch 1.800 ден
-
Дрвени боици - Stitch Colorino Disney 160 ден
-
Мрсни бои - Stitch Colorino Disney 100 ден