Ќе победи оној кој ќе раскаже најдобра приказна. 

На две сестри им се суди за убиство. Доказите се заплеткани, а тие се обвинуваат една со друга. На која ќе ѝ верувате?

„Татко ми е мртов. Сестра ми Софија го уби! Уште е во куќата, ве молам помогнете ми!“

„Татко ми е мртов. Сестра ми Александра го уби! Уште е во куќата, ве молам помогнете ми!“

Едната од нив лаже, едната од нив е убиец. Но која?

Дали проникливиот адвокат Еди Флин ќе избере да ја застапува невината сестра? За првпат во својата кариера, тој ќе почне да се сомнева во својот избор.

„Брилијантно! Ѓаволски добри заплети и пресврти.“
К. Л. Тејлор

„Генијално исткаен заплет, од перото на еден велемајстор на криминалниот жанр.“
Ерин Кели